Помош за интернет продавницата
Guidance on Web Shop Usage
ИНФОРМАЦИИ
Frequently Asked Questions (FAQs)
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Купување во интернет продавницата
Набавката на производите и услугите се врши со додавање во кошничката. Под секој производ или услуга објавени на интернет продавницата има копче со помош на кое може тој производ да се додаде во кошничката за купување. По додавање на сите потребни производи и услуги се кликнува врз кошничката во горниот десен агол, се избира начинот на доставување и се кликнува на ПРОДОЛЖИ КОН НАПЛАТА.
Со претходна телефонска проверка или комуникација со нас со е-mail порака или по системите за инстант пораки, можете да ги појасните деталите за нарачката и да Ви дадеме дополнителна асистенција за производите и услугите коишто Ви се потребни. На овој начин се намалува ризикот за потребата од враќање на производите и се осигурува корисникот да добие соодветна квалитетна услуга.

Начини на плаќање
Нудиме повеќе начини на плаќање при користењето на интернет продавницата.
(1) Најзастапениот и најбрз начин на плаќање е со платежна картичка којашто е прифатена од македонските деловни банки, од брендовите MasterCard Worldwide и Visa International. Во поглед на техничките и безбедносните аспекти, се користи 3D Secure технологијата, развиена од страна на наведените меѓународни платни системи, познати како Verified by Visa и MasterCard Secure Code. Во моментот на вршење на плаќање интернет продавницата Ве пренасочува на заштитена интернет страница на Касис cPay, на која што се внесуваат сите податоци за картичката неопходни за вршење на плаќањето. Согласно ваквиот принцип на авторизирање на плаќањето Нитро компјутери нема пристап до доверливите податоци за картичката, со што во потполност се заштитени Вашите лични податоци.
(2) Друг начин на плаќање е со издавање на про-фактура за плаќање на избраните производи и услуги. На е-поштата што ќе ја наведете, по потврдувањето на плаќањето добивате про-фактура за уплата, којашто можете да ја платите со уплатница ПП30 на шалтер или преку Вашата апликација за еBanking / mBanking.
Нарачката се смета за потврдена ако ја платите веднаш со платежна картичка или ако про-фактурата ја платите во рок од 3 дена од нарачувањето.
(3) Третиот начин на плаќање е лично, при доставување на производите на Вашата врата или во физичките продавници на Нитро Компјутери, ако самите ги подигате. Резервацијата на нарачаните производи при подигање од продавницата трае 3 дена од нарачувањето, освен ако не се договориме поинаку, преку телефонска, email комуникација или програмите за инстант пораки.

Достава на производи и сервисирање со доставна служба
Испораката на производите и сервисните услуги со вредност еднаква или поголема на 3000 денари ја вршиме бесплатно на целата територија на земјата. За испораката на нарачките под 3000 денари до Вашата врата обезбедивме привилегирана цена од ELS - Eco Logistic Service од само 100 ден. на територијата на целата држава.
Сервисите на Вашите уреди Нитро Компјутери може да ги врши на тој начин што ќе ги доставите, а ние ќе Ви ги вратиме поправените уреди преку поштенски сервис ELS за цена од само 100 ден. за адресници во Скопје и само 150 ден. за адресници во другите делови на земјата (вклучено достава до сервис и враќање).
Достава на производите по прием на уплата на било која адреса во Македонија се врши за 1-3 дена.
Доколку се случи некој одбран производ моментално да не биде на залиха во магацинот на продавницата, веднаш Ве контактираме за да се договориме за заменски производ, или испорака на саканиот производ со договорен подолг рок за испорака, ако е потребно подолго време за да се обезбеди.

Што ако купувачот не го преземе пакетот?
Доколку не сте достапни на внесената адреса за достава, поштенската служба го враќа пакетот со производи кај нас. Ако првиот обид за достава бил на наш трошок, вториот обид за достава е на трошок на купувачот. Затоа, Ве молиме внимателно да ја проверите адресата која што ја наведувате за достава и да обезбедите дополнителни контакт информации, како валиден телефонски број и/или e-mail адреса.
Гаранција на производите и услугите
Сите производи имаат гаранција, чија што должина зависи од категогијата на производ. Минималната гаранција за ефтините производи е 14 дена, а максималната гаранција може да биде 5 или 7 години, ако производителот подржува толку долга гаранција.
Понекогаш заради различната калибрација на мониторите коишто ги користите, бојата на производите може да се разликува во однос на сликата. Исто така, производителите понекогаш прават мали модификации на истите производи во различни серии на производство. Нитро Компјутери не презема одговорност за козметички разлики во изгледот на производите, ако тие ги обезбедуваат соодветните функционалности.
Нитро Компјутери дава гаранција со определена должина за сите услуги коишто ги извршува во своите сервиси. Корисникот се известува за должината на гаранција на сервисната услуга по нејзиното успешно извршување.